петок, 31 јануари 2025
Реакција

Османи до Милков: Уставни измени се внатрешно прашање, нема волја за вклучување на странци

Објавено на

часот

Сподели

Се очекува Собранието да ја донесе таквата одлука, суверено и согласно долгорочните интереси на граѓаните на Северна Македонија, претставени во парламентот и во тој контекст, не постои можност ниту политичка волја за вклучување на граѓани и институции од странство, вклучително од Република Бугарија. Такво барање ниту е пристигнато, ниту е разговарано меѓу министрите Османи и Милков.

Северна Македонија останува посветена на продолжување на политичкиот дијалог со Бугарија, во духот на добрососедството и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, за што се надева на што поскоро формирање на новата бугарска влада“, се вели во одговорот на македонското МНР.

Шефот на бугарската дипломатија Николај Милков денеска изјавил дека Бугарија би сакала да биде вклучена и консултирана во процесот за впишување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија. Милков рекол дека за ова го информирал и колегата Османи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ