петок, 18 октомври 2024

Османи денеска треба да се појави пред суд за клевета на македонско движење од Канада

Објавено на

часот

Сподели

Османи лани во октомври за бугарската телевизија БТВ изјави дека треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград. Тој го посочи ММДЧП како еден од финансиерите на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Според него се работи за фондација од Канада која работи спротивно на интересите на државата, спротивно на интересите на македонските стратешки партнери, тоа е организација која е антиамерикански, анти НАТО и анти ЕУ ориентирана. Османи смета дека ваквата поставеност на работите е спротивна на интересите на македонските граѓани и на македонската заедница во Бугарија.

„Османи е гласно против сите кои ќе изразат несогласување со режимот и со американските анти-македонски политики и нивното кршење на човековите права и граѓанските слободи. Изјавите на Османи се лажни, навредливи и клеветнички за ММДЧП и за претседателот на организацијата Бил Николов. Режимот во Македонија беше инсталиран на власт од САД и понатаму ја има нивната целосна поддршка, со цел со сила да ја спроведе нелегалната промена на името, како и други надворешно-политички цели на САД“, соопшти тогаш движењето на чија интернет страница пишува дека работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ