„Тоа се двете понуди што им се нудат на граѓаните на овие избори. Како кандидат на Европскиот фронт, ја нудам интеграцијата во ЕУ, и тоа во наредните пет години. Заокружување на седум години напор да станеме членка на Унијата. Ако ми успеа како министер да ги отворам преговорите со ЕУ, како претседател можам да ветам дека ќе го заокружам тој процес и до крајот на мандатот да станеме членка на ЕУ“, рече Османи.
Меѓутоа, како што посочи, Европскиот фронт нуди и соживот, наспроти опцијата што бара 61 пратеник за да се исклучат другите.
„И денеска и пратив порака на мојата противкандидатка Гордана Силјаноска. Барањето 61 пратеник е спротивно на сите начела на соживотот и мултуетничката демократија. Да прекинеме со говорот на омраза. Оваа држава може да биде богата, проесперитетна и успешна, само ако сите имаме еднакви права и можности. Тоа го нудам јас како кандидат за претседател“, рече меѓу другото претседателскиот кандидат Бујар Османи.