Со оглед на тоа што тимот од Флорида се наоѓа на четвртото место, во нормални услови ваквиот исход не би бил сензација, но во овој случај, ситуацијата во Орландо е далеку од нормална. До победата против Бостон, екипата стигна без тројцата најдобри играчи во составот, браќата Вагнер и Паоло Банкеро кои се повредени и пред нив е долга пауза. За Мориц Вагнер сезонава заврши, Банкеро ќе го нема уште долго време, а Ффранц Вагнер не игра од 7 декември и ќе отсуствува најмалку уште две недели.
Во нивно отсуство, Орландо мораше да извади тајно оружје, а него го најде во тимската игра. Сите кошаркари кои добија минутажа се запишаа во листата на стрелците и сите имаа придонес во победата. За волја на вистината и Бостон беше десеткуван бидејќи не играше Џејсон Тејтум, а Џејлен Браун не можеше сам да излезе на крај со цела екипа.
На крајот Браун беше најефикасен на мечот со 35 поени, додека кај Орландо, Да Силва постигна 18 поени, Квин 17, а Сагс 16.
Резултати:
Шарлот – Хјустон 101-114
Филаделфија – Сан Антонио 111-106
Орландо – Бостон 108-104
Кливленд – Јута 124-113
Атланта – Минесота 117-104
Мајами – Бруклин 110-95
Њујорк – Торонто 139-125
Мемфис – ЛА Клиперс 110-114
Оклахома – Вашингтон 123-105
Чикаго – Милвоки 91-112
Далас – Портланд 132:108
Денвер – Феникс 117-90
Голден Стејт – Индијана 105-11
ЛА Лејкерс – Детроит 114-117