петок, 18 октомври 2024

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Објавено на

часот

Сподели

Оркестарот на Филхармонија ќе настапи во комплексот на Соборната црква во Ниш, со изведба на „Хорска Фантазија“ за пијано, хор и оркестар, опус 80 од Лудвиг ван Бетовен.

Диригент е Хаџи Јаков Милутиновиќ, а како солисти ќе настапат Катарина Симоновиќ-Иванковиќ (сопран), Маријана Радосављевиќ (сопран), Александра Ристиќ (мецосопран), Саша Арсенков (тенор), Никола Стаменковиќ (тенор), Лазар Лазаревиќ (баритон) и Андреј Цинцаревиќ (пијано).  

Настапуваaт и хорот од Факултетот за уметност во Ниш „Маестрини“ и хорот на РТС од Белград, наведуваат од Филхармонија.

Членовите на Филхармонија веќе два месеци протестираат откако Владата одлучи да ја формира националната установа „Оркестар за џез музика“ која ќе биде сместена во истата зграда со Филхармонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ