Зборувајќи за државното радио, Орбан ја поздрави „транспарентноста која ја донесе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со објавувањето на деталите за финансиските придонеси на странски субјекти, вклучувајќи унгарски организации“.
„Она што сега го гледаме е поплава од информации кои го потврдуваат она во што веќе се сомневавме“, кажа тој, обвинувајќи странски актери, вклучувајќи невладини организации поддржани од Брисел и милијардерот Џорџ Сорос, дека работат на поткопување на унгарската влада.
„Тие добиваат пари од повеќе извори: од американската влада, мрежата на Сорос и фондовите на Европската Унија. А за што се користат тие пари? За јакнење на левичарските сили и обиди за уривање на нашата влада“, кажа тој.
Истакна дека неговата влада ќе преземе решителни мерки како одговор. „Мораме да ги исчистиме тие мрежи од Унгарија. Нивната це е јасна, сакаат влади во овој регион кои им служат на нивните интереси, а не на интересите на нивните народи“, оцени Орбан.
Тој го повтори својот став за нелегалните миграции, истакнувајќи дека Унгарија веќе долго предупредува на опасноста од неконтролираните миграции. Според него, актуелната миграциска рамка на ЕУ е „суштински фалична“.
„Единствениот начин тоа да се смени е преку отпор. Полска го суспендираше пактот за миграциите, а сега дури и Германија расправа за тоа. Мора повеќе да следува“, заклучи Орбан.