петок, 18 октомври 2024
ЗЕЛС бара да се измени Законот за комунални дејности

Општините бараат од 3.000 до 5.000 евра казни за создавачите на диви депонии

Да се измени Законот за комунални дејности во делот на глоби, односно да се зголемат казните бидејќи во денешно време се прениски, а депониите масовно се зголемуваат, бара градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски по вчерашната иницијатива која едногласно беше усвоена на седницата на ЗЕЛС, а се работи за изрекување поголеми казни за создавачите на диви депонии.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера на седницата на ЗЕЛС едногласно беше усвоена иницијатива, во која што се предвидува измени во Законот за комунални дејности.

„Со тие измени бараме да се зголеми глобата, односно висината на казните. Тоа е директна промена на членот 14 и членот 14а од законот, бидејќи глобите се прениски во денешно време“, изјави Ѓеорѓиевски за Алсат.

Според него, досега општеството, како градоначалниците, но и државните институции се занимаваат со последиците, а никој не се занимава со причинителите на тие последици.

„Така што во оваа интервенција за која што ќе имаме средба на крајот на оваа недела со министерот за транспорт и врски, Александар Николоски чие што министерство е надлежно за овој закон, се предвидува глобите да бидат зголемени од 3.000 до 5.000 евра и да постои можност за одземање на возилото на сторителот. На тој начин сметаме дека директно ќе интерневираме во однос на животната средина“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој вели дека се надева дека оваа иницијатива ќе наиде на слух кај сите пратенички групи, бидејќи веќе е разговарано со ресорниот министер, кој изразил „силна волја да го поддржи ова барање на градоначалниците“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ