понеделник, 28 октомври 2024

Општинар од Неготино зел близу 100.000 денари во кеш за тезги за панаѓур, заработи кривична пријава

Вработен во Општина Неготино заработи кривична пријава затоа што за издавање на простор за „Неготински панаѓур 2023“ од барателите земал пари во кеш од кои присвоил пари и за себе.

Објавено на

часот

Сподели

Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Неготино поднесе кривична пријава против М.Д. (41) од Неготино, поради постоење основи на сомневање дека извршил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување” предвидено во член 353 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, пријавениот, во периодот од 14.09.2023 до 21.09.2023, во својство на овластено лице вработено во Општина Неготино, ја злоупотребил службената положба со пречекорување на своето службено овластување, при што на барателите за користење на јавен простор за манифестацијата „Неготински панаѓур 2023“, им наплаќал пари во кеш и на тој начин за себе противправно присвоил парични средства во износ од 98.100 денари, нанесувајќи штета на Буџетот на Општина Неготино.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ