среда, 4 декември 2024

Општина Маврово и Ростуше: До 10 декември ќе заврши тендерот за тоа кој ќе го чисти снегот

По последните настани околу блокирани патишта во Маврово, Општината Маврово и Ростуше информира дека чистењето од снег на патот од браната Маврово, преку селата Маврово, Никифорово и Леуново, околу езерото, па се до приклучокот кај местото Бунец е регионален пат и е во надлежност на Јавното претпријатие.

Објавено на

часот

Сподели

„Под надлежност на општината се локалните патишта кои водат од регионален пат до населените места, за кои општината има обврска за ангажирање на механизација за редовно зимско одржување и фрлање абразивен материјал.

Дезинформација е дека општината избрала фирма која не поседува механизација и се додава дека тендерската постапка сè уште не е завршена.

Општината со сопствена механизација ги одржува локалните патишта за кои има надлежност сѐ до избор на фирма за зимско одржување, која според постапката за јавни набавки треба да биде избрана најдоцна до 10 овој месец.

Во изминатите денови беа исчистени локалните патишта до селата Врбен, Церово и улица во село Леуново каде имаше болна жена. Денес се чистат локалните патишта кон село Дуф, Сретково и останатите села кои водат од регионален пат до влезовите на населените места.

Објавен е и список на вид на делници и вид на коловоз за кои општината има обврска за редовно одржување“, соопшти Општина Маврово и Ростуше.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ