недела, 22 декември 2024
Бурни реакции поради топлите денови и условите за учење

Општина Центар ќе донира за црква во Берлин, родителите бараат со парите да се купат клими за училниците

Бурни реакции предизвика предлогот, Општина Центар да донира пари за изградба на црква во Берлин. Шанса за Центар реагира дека општината е веќе милостива кон Македонската православна црква (МПЦ) затоа што не им наплаќа пенали за незавршена градба, а дел од граѓаните велат дека овие пари наместо за црква може да се донираат за набавка на клими во основното училиште „Киро Глигоров“, бидејќи и овде како и речиси во сите училишта периодов кога во септември е натпросечно топло, децата се „варат“ во претоплите и загушливи училници.

Објавено на

часот

Сподели

„Градоначалникот на општина Центар на следната седница на Советот бара одобрување од советниците, општината да донира пари од граѓаните на МПЦ за изградба на храм во Берлин. Да потсетиме дека Општина Центар со одлука веќе е милостива кон МПЦ бидејќи не им наплаќа пенали за незавршена градба на ул. ‘Македонија’, за црквата Свети Константин и Елена. Сакаме исто така да потсетиме на секуларноста на Македонија која е запишана во Уставот. Во Центар живеат граѓани со различни вери и убедувања. Дали парите на граѓаните треба да се донираат за верски објекти? Предлагаме, сите оние кои го поддржуваат предлогот на градоначалникот, наместо да трошат од јавните пари на граѓаните, да направат лична донација со донирање на месечниот надомест за учество во Советот. Во Општина Центар МПЦ е коинвеститор-сопственик на дел од зградите кај Холидеј Ин“, се вели во реакцијата на Шанса за Центар.

ОУ „Киро Глигоров“ во општина Центар е изградено според нови стандарди, светски и европски за квалитетно образование со најдобри услови, со структурално ефикасна фасада, термо-изолациски покрив, акустични плафони, ботаничка градина… Дел од родителите велат дека ако во ова ново училиште на децата во септември им е топло, тогаш што останува за децата кои учат во училишта со постари градби.

„Можеби решение е место сварените деца да одат во претоплите училници во ОУ ‘Киро Глигоров’, да ги праќаат во МПЦ на настава, ем поладничко, ем таму општината нема проблем да инвестира народни пари“, вели на социјалните мрежи адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска како реакција на донацијата на пари од Центар за МПЦ.

Во дел од реакциите на родителите се вели дека може МПЦ да донира и да купи клими за сите училишта во Скопје, па децата да учат во пристојни услови, а не во пеколни училници.

Топлото време кое е изразено со високи температура на почетокот на септември ги усложни условите за учење бидеќи училниците се загушливи и топли, а децата испотени си одат дома. Препораките од надлежните се да се внесуваат повеќе течности поради топлото време. Дел од родителите ги земаат помалите деца порано од училиште.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ