петок, 27 декември 2024
Одлучено на координација кај собранискиот спикер

Опозицијата да предложи кога и каде пратеници со безбедносен сертификат ќе го разгледаат договорот со Бехтел и Енка

Објавено на

часот

Сподели

„Една од точките на дневниот ред на денешната редовна координација што ја одржа претседателот Талат Џафери беше и претставувањето на договорот за изградба на коридорите 8 и 10д пред пратениците во Собранието. Со оглед на тоа што Договорот е класифициран, односно само пратениците кои се носители на безбедносен сертификат имаат увид во неговата содржина, Договорот ќе се разгледува на седница на Комисија која ќе биде затворена за јавноста и на неа ќе присуствуваат само пратениците кои имаат безбедносни сертификати.

Ставот на присутните на координацијата е дека, со оглед на тоа што иницијативата е на опозицијата, а опозицијата не присуствува на координација; опозицијата да предложи надлежно тело за разгледување на Договорот до претседателот и да определи датум кога ќе се разгледа Договорот. Веднаш по отворањето на комисиската седница, пратениците ќе се изјаснат за затворање на седницата за јавноста“, се вели во соопштението од кабинетот на Џафери.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски преку Фејсбук, пред координацијата кај Џафери, а на која партијата подолго време не учествува, порача дека власта бара начини како да се сокрие договорот.

„Во Собранието денеска владеачкото мнозинство ќе се обиде на координација да наоѓа изговори како пратениците да не го добијат коруптивниот Ддоговор за прескапите автопати и на која комисија би требало да се разгледува. Иако за втората тема нема дилеми, Комисијата за транспорт е надлежното работно тело кое разгледува материјали за изградба на инвестициони објекти во транспортот и патниот сообраќај. Секоја друга импровизација ќе биде само уште еден обид овој договор да се држи во тајност“, вели Милошоски.

Инаку, минатата недела Милошоски го соопшти ставот дека договорот треба да биде достапен за сите пратеници.

„Според мене овој договор треба да е претставен пред пратениците и да им биде поделен на сите пратеници. За да може пратеникот совесно да одлучува за одредени законски измени, тогаш е должен и има уставна обврска да ја контролира Владата, а со тоа самата Влада има обврска да го достави до пратениците“, истакна Милошоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ