понеделник, 3 февруари 2025

Опожарен автомобил на јавен обвинител од Скопје

Во текот на ноќта засега непознати сторители опожарија автомобил на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Интензивно се преземаат дејствија за откривање на сторителите и се обезбедуваат сите докази на терен, соопшти Јавното обвинителство (ЈОРМ).

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

„Првичните индиции упатуваат на можна поврзаност со фактот што јавниот обвинител постапува во два сензитивни предмети во кои во моментов интензивно презема истражни дејствија. Истражните органи работат на расчистување на настанот и на целосно утврдување на причините“, се наведува во соопштението на ЈОРМ.

Од ЈОРМ не откриваат повеќе детали затоа како што кажаа денеска на прес конференцијата, случајот е сензитивен бидејќи станува збор за истраги за кривични дела и дека поради тоа не можат да откријат повеќе детали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ