среда, 12 март 2025

Операција „Чистач“: Полицијата во офанзива против криминалните групи

Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведува координирани претреси на повеќе локации низ државата, со цел сузбивање на уличното дилерство и нелегалното поседување оружје. Акциите се дел од оперативната акција „Чистач“, која во континуитет се реализира веќе неколку месеци.

Објавено на

часот

Сподели

Како што дознаваме, акцијата опфаќа повеќе градови и населени места, при што полицијата се фокусира на разбивање на криминални мрежи чиј таргет се најмлади и ранливи категории граѓани.

„Ова е јасна порака дека МВР е посветено на искоренување на овие штетни појави во општеството. Уличното дилерство е сериозен проблем кој ги загрозува младите, а нелегалното оружје претставува потенцијална закана за безбедноста на сите граѓани,“ велат полициски извори.

Од МВР најавуваат дека овие активности ќе продолжат во наредниот период со зголемен интензитет, а јавноста наскоро ќе биде информирана за резултатите од акциите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ