Од новата реалност во која брзината, комфорот, но и штедењето време се многу важни за секој поединец не е исклучок ни банкарскиот сектор што постојано, во различен степен, испорачува нови услуги базирани на новите технологии.
Технолошкиот развој и константното следење на потребите на клиентите резултираше со тоа Халкбанк, како банка која што е предводник во имплементацијата на нови технолошки и информатички трендови на домашниот финансиски пазар, да креира производи Онлајн депозит и Онлајн кредит со кои уште еднаш ја потврди својата лидерска позиција во воведување нови иновативни производи и услуги. Овие производи се наменети за физички лица, клиенти на банката кои се корисници на електронското банкарство. Со користење на електронското банкарство на Халкбанк може лесно, брзо и едноставно, без посета на филијала, да се креира штеден влог или да се дојде до потребни финансиски средства.
Производот Онлајн депозит е особено интересен во моментов бидејќи нуди исклучително атрактивни каматни стапки за орочени средства. Може да се штеди во денари или во евра, при што минималниот износ на вложување е 3.000 денари, односно 50 евра, додека максималниот износ е неограничен, согласно расположливите средства на трансакциската сметка (вклучувајќи го и кредитниот лимит). Средствата можат да се орочат на 6, 12 и 24 месеци, а каматите се фиксни за целиот период на орочување. Па така, за штедење во денари тие изнесуваат 2% ако е орочувањето на шест месеци, 3.3% за орочување на 12 месеци и дури 3.8% за орочување на 24 месеци. Доколку се штеди во евра, каматните стапки изнесуваат 1.5, 2.5 и 3% во зависност од периодот на орочување. Кај Онлајн депозитот износот кој што се уплаќа е фиксен, односно нема можност за дополнителни уплати и исплати, а каматата се исплаќа на крај на периодот на орочување. Постапката за креирање на штеден влог е едноставна, а договорот за орочување на средствата од страна на клиентот и банката се потпишува во електронска форма.
На ист, едноставен начин, со само неколку клика, може да се дојде и до средства со Онлајн кредитот на Халкбанк. Истиот е наменет за корисници на електронско банкарство кои истовремено се и приматели на плата или пензија во банката. Максималниот износ за аплицирање е до 450.000 денари, рокот на отплата е до 72 месеци, а каматната стапка е 8,5% фиксна за целиот период на отплата. Кредитот е без БЕЗ провизија за обработка, БЕЗ провизија за предвремена ликвидација и БЕЗ трошоци за апликација за кредит. Постапката за аплицирање за онлајн кредитот е навистина куса, а истовремено и безбедна. Договорот се потпишува во електронска форма, а префрлањето на средствата на сметката на барателот, по потпишувањето, е во рок од 5 минути.
Доколку имате пари кои ви стојат дома или на сметка како заштеда, а немате време да посетите некоја експозитура, не двоумете се, креирајте штеден влог и искористете ги поволните камати кои ги нуди Халкбанк. На ист начин, брзо и едноставно, можете да дојдете до средствата кои што ви се потребни за задоволување на било каква потреба. Онлајн депозитот и Онлајн кредитот и на Халкбанк се вистински производи за вас.
Комерцијален текст