петок, 7 февруари 2025

ОН: Светските цени на храната паднаа во јануари, но и натаму се високи

Светските цени на храната паднаа во јануари во однос на декемвриските вредности, но остануваат на високо ниво, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вредноста на светскиот индекс на цените на храната (ФФПИ) за јануари изнесува 124,9 поени, што претставува намалување од 1,6 отсто во однос на декемвриските 127 поени, соопшти ФАО. Резултатот е последица на месечниот пад на вредноста на индексот во категориите шеќер, растителни масла и месо, со истовремено зголемување на цените на житариците и млечните производи.

Индексот на цените на шеќерот падна за 6,8 проценти на месечно ниво, на 111,2 поени, поттикнат од подобрените глобални изгледи за понуда за тековната сезона 2024/25, по генерално поволните временски услови во Бразил, во корист на жетвата на шеќерна трска од април годинава.

Цените на шеќерот сепак и понатаму се за 18,5 отсто повисоки во однос на истиот месец лани. Индексот на цените на растителното масло падна за 5,6 отсто на 153 поени во јануари, бидејќи цената на палминото масло и на маслото од репка се намали, додека цените на сојата и сончогледот останаа стабилни.

Растителните масла сѐ уште се поскапи за 24,9 отсто од јануари 2024 година. Цените на житата благо се зголемија за 0,3 отсто на месечно ниво, на 111,7 поени, додека на годишно ниво се намалени за 6,9 отсто.

Просечната вредност на индексот на цените на млечните производи е зголемена за 2,4 отсто на годишно ниво, на 142,9 поени во јануари, а за 20,4 отсто на годишно ниво.

Вкупната вредност на светскиот индекс на цените на храната (ФФПИ) за јануари се зголеми за 6,2 отсто на годишно ниво, но во исто време е за 22 отсто пониска од врвот во март 2022 година, се додава во извештајот на веб-страницата на ФАО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ