недела, 22 декември 2024

ОН соопштија дека ќе ја блокираат изградбата на пат на етнички поделениот Кипар

Објавено на

часот

Сподели

Организацијата планира „со ненасилни средства да ја блокира изградбата на патот“, кажа портпаролот на мировните сили на ОН (Унфицип) Алем Сидик. Патот би го прекршил мандатот на силите да се задржи статус кво во тампон зоната, додаде тој.

Работите почнаа вчера на патот кој би ги поврзувал селото Арсос на северот кое го контролираат кипарските Турци со етнички мешаното село на кипарски Грци и Турци Пила, јужно од тампон зоната во делот кој го контролираат кипарските Грци.

Патот на кипарските Турци би им овозможил директен пристап до Пила со заобиколување на контролниот пункт на работ на британската воена база, една од двете воени бази кои Британија ги задржа откако Кипар стекна независност од британската колонијална власт во 1960 година.

Кипарските Грци изградбата на патот ја доживуваат како проект со воена цел на чувствително место долж тампон зоната која ги раздвојува двете страни.

Одржувањето статус кво долж тампон зоната е во мандатот на мисијата на ОН од 1974 година, кога Турција изврши инвазија на островот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ