среда, 25 декември 2024

ОН: Следната година на 300 милиони луѓе ќе им биде потребна помош, потребни ни се 46 милијарди долари

Обединетите нации денеска апелираа да се соберат 46 милијарди долари во 2024 година за помош на милиони луѓе ширум светот погодени од хуманитарни кризи, вклучително и Судан, Украина и окупираните палестински територии.

Објавено на

часот

Сподели

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) објави, како дел од својот Глобален хуманитарен преглед за следната година, дека во 2024 година, поради воени конфликти, климатски вонредни состојби и економски фактори, ќе биде потребна хуманитарна помош за околу 300 милиони луѓе.

Ова вклучува околу 74,1 милиони луѓе во Источна и Јужна Африка, од кои голем дел се погодени од кризата во Судан.

Шефот за хуманитарна помош на ОН Мартин Грифитс рече дека хуманитарниот систем во светот се соочува со криза поради недостиг на финансиски средства.

Тој, како што рече, е одговорен за 181 од 300 милиони луѓе, додавајќи дека Црвениот крст и националните организации на Црвениот крст одделно упатиле апели до донаторите да ги финансираат нивните потреби.

Тој потсети дека минатата година биле собрани само нешто повеќе од една третина од 57 милијарди долари.

„Мислам дека Блискиот Исток како целина, Газа и Западниот Брег, веројатно ќе бидат област со најголеми потреби, но Украина исто така минува низ многу тежок период, со војната што ќе биде повторно во полн ек следната година. На Украина ќе ѝ треба многу помош“, рече Грифитс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ