сабота, 1 февруари 2025

ОН: Повеќе од 115 илјади Сиријци се вратија во земјата по падот на Асад

Повеќе од 115.000 Сиријци се вратиле дома по падот на режимот на Асад, објави вчера Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведуваат, тие од 8 декември се вратиле од земји како Турција, Јордан и Либан. Податоците, како што се дознава, се собрани од јавни изјави на земјите домаќини, интеракциите со имиграциските служби во самата Сирија и граничниот мониторинг спроведен од агенцијата и нејзините партнери.

Башар ал Асад, лидер на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антивладините групи го зазедоа главниот град Дамаск на 8 декември, ставајќи му крај на владеењето на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.

Промената дојде откако борците на Хајат Тахрир ал-Шам брзо ги освоија клучните градови во офанзивата што траеше помалку од две недели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ