четврток, 19 декември 2024

ОН ја усвои резолуцијата на Русија за борбата против величењето на нацизмот

Генералното собрание на Обединетите нации гласаше за резолуцијата која ја претстави Русија под назив „Борба против глорификација на нацизмот, неонацизмот и другите пракси кои придонесуваат на ескалација на современите облици на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и слични нетолеранции“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За усвојување на резолуцијата гласаа 119 земји, против гласаа 53 држави, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави, Германија, Франција, Канада, Јапонија, Украина и други. Десет држави беа воздржани.

Меѓу оние кои ја поддржаа иницијативата се, меѓу другите, Србија, Ерменија, Бразил, Египет, Ирак, Израел, Мексико, Катар и други.

Меѓу десетте воздржани се Швајцарија, Турција, Мјанмар, Панама и други.

Резолуцијата подготвена од Русија, а чии коавтори се Туркменистан и Белорусија, особено им препорачува на државите да преземат соодветни мерки во законодавството и образованието, во согласност со човековите права и своите меѓународни обврски, за да се спречи ревизија на историјата и резултатот на Втората светска војна.

Авторите на резолуцијата најостро ги осудуваат инцидентите во врска со величењето и пропагандата на нацизмот, вклучувајќи цртање графити со пронацистичка содржина, дури и на спомениците на жртвите на Втората светска војна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ