„Овие ѕверства мора да прекинат“, се наведува во изјавата потпишана од шефовите на агенциите на ОН, вклучувајќи ги УНИЦЕФ и Светската програма за храна, заедно со други хуманитарни групи, пренесува Ројтерс.
„Хуманитарците мора да имаат безбеден и непречен пристап до оние на кои им е потребна помош. Не можеме да ја вршиме работата соочени со огромните потреби и постојаното насилство“, порачаа тие.
ОН долго се жали на пречките во доставувањето помош во Газа во текот на војната и нејзината дистрибуција среде „целосното безвластие“ во разурнатата палестинска енклава. Убиени се речиси 300 хуманитарни работници, од кои повеќе од две третини работеле за ОН.
„Ризикот од глад и понатаму постои, поради што е итно потребна помош во храна и средства за живот за сите 21 милиони жители, додека пристапот до хуманитарната помош е ограничен“, кажаа функционерите на ОН и додадоа дека здравствената заштита е девастирана.
Од почетокот на војната во Газа на Израел пред речиси една година, убиени се повеќе од 41.000 луѓе, според палестинските здравствени власти, кои не прават разлика меѓу милитанти и цивили.
Израелската војска тврди дека презема чекори за да го намали ризикот од штета за цивилите и дека барем третина од палестинските жртви се борци. Тие го обвинуваат Хамас дека ги користи палестинските цивили како човечки штит, што палестинската милитантна група го негира.