„„Ова не се случајни напади на бесмислено насилство. Тие се насочени, оркестрирани акти од припадниците на Златна зора, базирани на етничка омраза со јасна агенда. Овие дејства не само што се одразуваат одвратно на насилниците што ги извршиле, туку и на која било грчка агенција, кој било полицаец и кој било политичар кој го прифаќа овој чин како оправдан бидејќи целта на нападот е странски државјанин од Македонија. ОМД повикува на итен одговор од Владата на Грција и целосна истрага во овој акт на зголемување на насилство. Секое одбивање на грчките институции да постапат законски, станува државно насилство против Македонците во Грција и меѓународен инцидент“, вели Гордан Јорданов од ОМД.
Јорданов во името на Обединетата македонска дијаспора нагласува дека бара грчката влада и сите државни агенции да ги пронајдат и казнат поединците кои ја извршиле оваа грозоморна и незаконска активност.
„Владата мора да му обезбеди на секој етнички Македонец што доаѓа во посета на земјата целосна заштита според законот што му следува. Овие акции мора да бидат формално осудени на највисоко можно ниво“, порача Јорданов.