среда, 29 јануари 2025

Околу 50 кубни метри отпад од диви депонии исчистени во општините Чаир и Карпош

Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнале и транспортирале приближно 50 кубни метри отпад од повеќе диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир и Карпош.

Објавено на

часот

Сподели

Во општината Чаир било интервенирано на улицата „Славеј Планина“, во непосредна близина на скопското Теќе, каде што се подигнати 15 кубни метри отпад од картонски пакувања одложени на јавна површина.

– Приближно 10 кубни метри претежно мешан комунален отпад е отстранет од сообраќајна површина на улицата „Самоилова“, а расчистени се и неколку помали диви депонии составени од кабаст и градежен отпад лоцирани на улицата „Цветан Димов“, соопштија денеска од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје за време на викендот отстраниле и 10 кубни метри непрописно одложен отпад од картонски пакувања во близина на Арената „Борис Трајковски“. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ