сабота, 15 февруари 2025

Оклахома се „сопна“ во Минеаполис и ја заврши победничката серија (ВИДЕО)

По седум победи во низа, екипата на Оклахома доживеа пораз, загуби на гостувањето кај Минесота со 116-101.

Објавено на

часот

Сподели

Домаќините доминираа од почетокот, ја добија првата четвртина со 37-24, а потоа успеаја да ја одржат предноста. Во третиот период Оклахома се закани со тоа што израмни на 68-68, но само неколку минути подоцна на семафорот беше 95-81 за Минесота. Во последната четвртина предноста на Вулфс одеше и до +19 и не дојде во прашање победата на овој тим.

Шеј Гилџес-Александер немаше своја шутерска вечер, постигна 24 поени, 9 асистенции и 8 скока, но од игра погоди само 6 од 21 обид. Најефикасен на мечот беше Рид од тимот на Минесота со 37 поени, додека Едвардс додаде 23.

Поразот немаше големо влијание за Оклахома бидејќи овој тим и натаму е убедливо прв на Западот, со осум победи повеќе од второпласираниот Мемфис.

Резултати:
Хјустон – Голден Стејт 98-105
Њу Орлеанс 140-133
Далас – Мајами 118-113
Минесота – Оклахома 116-101
Јута – ЛА Клиперс 116-120

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ