Јокиќ беше најдобар во составот на Денвер со 19 поени, 10 скокови и седум асистенции, но немаше помош од соиграчите. Во составот на Оклахома маестрална партија имаше Шеј Гилџес-Александер со 40 поени, а одличен беше и дебитантот Чет Холмгрен, кој во директен дуел со Јокиќ постигна 24 поени.
Резултати:
Орландо – Њујорк 117-108
Вашингтон – Бруклин 110-104
Атланта – Сакраменто 110-117
Бостон – Торонто 120-118
Кливленд – Милвоки 111-119
Хјустон – Филаделфија 127-131
Денвер – Оклахома 93-119
Феникс – Шарлот 133-119
Портланд – Сан Антонио 134-128
ЛА Клиперс – Мемфис 117-106