четврток, 20 февруари 2025

ОЈО: Се врши увид во Вишото обвинителство за случајот на злоупотреба на функција

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип денеска спроведе увид во Вишото jавно обвинителство во Скопје, во рамки на истрагата за кривични дела – злоупотреба на службената положба и овластување, како и малтретирање во вршење на службата, поведена против јавен обвинител.

Објавено на

часот

Сподели

„Обвинителот, заедно со стручни соработници од ОЈО Штип, детално ги анализираше и документираше податоците внесени во уписниците, како и начинот на распределба на предметите. При увидот, се направи споредба со исказите на оштетените лица, кои тврдат дека имало неправилности и интервенции во распоредувањето на предметите“, велат од Обвинителството.

Сите собрани докази се обезбедени во согласност со Законот за кривична постапка, а за извршениот увид ќе биде составен официјален записник со констатации за присутните лица. Истрагата продолжува, а обвинителството најави дека ќе ги преземе сите законски мерки за целосно расветлување на случајот“, соопшти ЈО.

Овој случај се однесува на случајот со пет вработени жени од Обвинителството, кои лани кон крајот на јули го пријавиле тогашниот шеф на ВЈО Скопје Мустафа Хајрулахи за наводен мобинг, по што јавниот обвинител Коцевски го суспендираше обвинителот Хајрулахи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ