недела, 6 октомври 2024

OJO: Предлог за притвор за мотоциклистот кој препродавал коакин

 

Објавено на

часот

Сподели

Осомничениот 42-годишник набавил наркотична дрога кокаин од засега непознато лице со намера неовластено да ја препродава.

На 6 јули, во вечерните часови, ставил 13 полиетиленски пакувања кокаин со вкупна нето маса од 5,09 грама во багажниот простор под седиштето на својот моторцикл и во отвори со гумен капак.

Полициски службеници го затекнале додека со моторциклот се движел во Градскиот парк, пред стадионот на АРМ и при преглед на превозното средство ја откриле дрогата и парични средства – 3.000 евра и 5.000 денари за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога.

Бидејќи постои опасност од бегство и особени околности кои укажуваат дека тој би можел да го повтори делото, а особено фактот што против него веќе е водена постапка и Основниот суд во Гевгелија му изрекол условна казна за поседување помало количество наркотици, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ