петок, 18 октомври 2024

ОЈО Кочани бара притвор против 24 годишник кој нападнал дете и полицаец

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела насилство врз дете и напад на службено лице при вршење работи на безбедноста.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 15 октомври, во утринските часови, во дворот на средно училиште во Кочани, осомничениот извршил физичко насилство над дете родено 2008 година, удирајќи го со тупаници по лицето, носот и устата и нанесувајќи му телесни повреди.

Петнаесетина минути подоцна, кога полициски службеници дошле да го приведат лицето, осомничениот им се заканувал и ги навредувал. Во полициската станица во Кочани во еден момент и физички нападнал полицаец, удирајќи го со нога неколку пати во пределот на градниот кош и нозете со што му нанел телесни повреди.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ