Станува збор за проект – колаборација и преработка на една од најпознатите македонски етно музички изданија „Ој девојче”, на која се оставени оригиналните вокали од музичката ѕвезда Тоше Проески.
„Наша цел со ова музичко издание е да се вратат националните и етничките вредности, како и да ја негуваме етно музиката на начин на кој што доликува. Деловски успеа да го преработи ова издание, да му даде еден нов, модерен сјај и шмек, кој со сигурност ќе стане хит“, велат од Синтезис.