Oхриѓани не ја пропуштија шансата да ја искажат својата радост за Неговото доаѓање, и ја пресретнаа добрината Негова со транспаренти во кои ги пренесоја своите желби на Архиепископот Стефан, за поставување на епископот Антаниски г. Партениј за Митрополит на Дебарско-кичевската епархија.
Мирно и достоинствено ја изразија својата верба во вистинската татковска одлука на Архиепископот Стефан и отворено ја изразија својата поддршка за владиката Партениј, барајќи го да биде поставен за Митрополит на местото на дедо Тимотеј.