петок, 25 октомври 2024

Охриѓанец осомничен за обид за убиство, жената турната од тераса е во тешка состојба

На 8 март жена со тешки повреди беше пренесена во Болница по пад од тераса од трети кат од зграда во Охрид. Полицијата поднесе кривична пријава против охриѓанец кој се сомничи дека намерно ја турнал од терасата.

Објавено на

часот

Сподели

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – убиство во обид, и против Е.М.(21) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – помагање. На 8 март околу 11.30 часот, првопријавениот, во стан на ул.Карпош војвода во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја турнал М.О.(39) од Скопје од терасата. Таа била пренесена во болницата ‘Св.Еразмо’ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Второпријавениот Е.М., кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело“, се вели во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ