„Во својство на полициски службеник во Полициската станица Охрид, пријавениот при преземање службени дејствија, неосновано и прекумерно употребил физичка сила над К.Н. од Охрид“, информира Министерството за внатрешни работи.
МВР наведува дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе и предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност, полицискиот службеник ќе биде суспендиран од своето работно место до завршување на постапката.