недела, 22 декември 2024

Охрид два дена под посебен сообраќаен режим, привремено ќе биде затворен и дел од автопатот Кичево-Охрид

Во врска со престојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан на земјава, утре и задутре СВР – Охрид ги спроведува неопходните безбедносни мерки и активности за безбедно и непречено движење на делегацијата низ Охрид и околината. Поради ова привремено за сообраќај ќе биде затворен и дел од магистралниот пат Кичево-Охрид, од аеродромот до клучката кај Распаќе.

Објавено на

часот

Сподели

Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај упати известување до сопствениците на патнички и други моторни возила дека треба да ги дислоцираат возилата од паркинг-местата на булеварот Туристичка и улиците Коста Абраш, Цар Самоил и Кејот Македонија.

Во текот на утрешниот ден и задутре на улиците Илинденска и Коста Абраш ќе биде забрането запирање и паркирање возила, а додека ќе се движат возилата на делегациите привремено за сообраќај ќе биде затворен дел од магистралниот пат Кичево-Охрид, од аеродромот до клучката кај Распаќе, долж булеварите Туристичка и Македонски просветители, улиците Абас Емин и Кирил и Методиј како и регионалниот пат Охрид – Св.Наум.

Безбедносни мерки во сообраќајот задутре ќе бидат преземени и на подрачјето на Пештани и Љубаништа.

Од СВР – Охрид апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои на посочените сообраќајници ќе вршат физичко регулирање на сообраќајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ