среда, 26 февруари 2025

Огорченост и бес во Реал Мадрид по последната одлука на ФФШ

Раководството на Реал Мадрид не може да поверува дека Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Шпанија реши да го поништи црвениот картон на Антони од Бетис и Бразилецот ќе може да настапи против „кралевите“ во сабота.

Објавено на

часот

Сподели

Антони прикажува одлични партии по преселбата од Манчестер јунајтед во Бетис, но Бразилецот направи голема глупост против Хетафе, непотребно стартуваше од зад грб и тоа на противничката половина кога имаше уште 30 секунди до крајот на натпреварот, потег за кој доби црвен картон.

Тоа значеше дека Бразилецот ќе го пропушти дербито против Реал Мадрид кое е на програмата во сабота, но на големо изненадување, Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Шпанија реши да ја прифати жалбата на Бетис и да го поништи црвениот картон.

Оваа одлука предизвика огорченост и бес во Реал Мадрид, „кралевите“ не можат да поверуваат како е поништен картонот на Бразилецот.

Дури и Судискиот комитет, кој исто така е во војна со Реал Мадрид и трпи жестоки критики од страна на „кралевите“, во конкретниов случај е на страната на актуелниот шампион на Шпанија и смета дека немало основа за поништување на картонот и судијата Алберола Рохас само се држел до правилата кога го исклучил фудбалерот на Бетис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ