петок, 24 јануари 2025

Официјално: Барди остана во Турција, потпиша за Бодрум

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди од денеска и официјално е фудбалер на Бодрум.

Објавено на

часот

Сподели

Барди пред извесно време се раздели со Трабзонспор, се шпекулираше дека за него има интерес од клубови од Шпанија и Хрватска, но на крајот се реши да остане во Турција.

Тој ќе биде нов фудбалер на Бодрум. Клубот го потврди ангажманот на македонскиот фудбалер.

Бодрум во моментов се наоѓа на 16. место во турската Суперлига и се очекува до крајот да води борба за опстанок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ