петок, 18 октомври 2024

Офф-фест почнува со концерт на португалската фадо пејачка ѕвезда Мизија

Објавено на

часот

Сподели

Фестивалот годинава го сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. Офф-фест 2023 ќе го отвори импресивниот аудио-визуелен перформанс на славната португалска фадо пејачка ѕвезда Мизија.

„Мизија е пионер, слободен дух, што успеа да изгради своја патека во жанрот и веројатно затоа некои ја нарекоа „анархист на фадото“. Првите успеси ги бележи во странство: прво во Шпанија и Јапонија, потоа во Франција и Германија. Набргу стекна и светска популарност, започнувајќи вистинска интернационална кариера. Во 1993 година таа стана втората пејачка по Амалија Родригез што го однесе португалското фадо на најголемите светски концертни подиуми. Безброј награди и одликувања, како и стотици илјади продадени плочи низ светот, добро ја илустрираат важноста на овој уметник во историјата на фадото, во португалската музика воопшто, во минатото и иднината. Нејзиниот уникатен глас одново и одново импресионира со својата театралност и авторитет што е неспоредлив! Уметнички стилизираната сценска продукција ја надополнува нејзината фасцинантна сценска појава, со која таа буквално ја маѓепсува публиката на своите концерти. Со текот на годините, таа изгради респектабилна меѓународна кариера и настапи на најпрестижните сцени, како што се Berlin Philharmonic, Théâtre du Châtelet и La Cigale во Париз, Town Hall во Њујорк, Queen Elizabeth Hall во London, Cocoon Theater во Токио и други. Оваа уметница, пејачка на сонливото фадо, вокалистка-актерка и раскажувач на сопствените и на приказните на другите, е првата што признава дека е „сентиментално животно“. Овој израз служи како наслов на нејзиниот актуелен албум (Animal Sentimental, 2022), ново поглавје во кариерата којашто трае три децении и што стекна широка меѓународна репутација“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ