недела, 23 февруари 2025

Одржана традицијата на планинарскиот „Февруарски поход 2025“ на Кожуф

Планинарски ,,Февруарски поход 2025″ беше реализиран денеска на Кожуф планина, во организација на планинарскиот спортски клуб ,,Орле” од Кавадарци, што постои седумдесетина години.

Објавено на

часот

Сподели

На традиционалниот планинарски марш учествуваа околу 120 планинарки и планинари од сите возрасти, од земјава и странство.

„Патеката што водеше од месноста Мушов гроб до село Мрежичко, преку кањонот на Мрежичка река, е долгa 13 километри и понуди прекрасни зимски пејзажи и предизвикувачки моменти. Планинарите уживаа во свежиот воздух и погледот на околните планински предели, ја почувствуваа природата во нејзиниот зимски облик. Крајната точка беше планинарскиот дом во село Мрежичко“, појаснија организаторите.

Долгогодишниот планинар Благој Лазов – Бенџо, рече за МИА дека оваа атрактивна планинарска акција нуди можност љубителите на природата да научат нешто повеќе за овој крај и да ги слушнат приказните поврзани со одредени месности на Кожуф планина. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ