„Точната локација на одроните е кај таканареченото место Препишо во близина на село Истибања. Наши екипи веќе се на терен, а до целосно расчистување на одроните препораката е да се вози внимателно до прилагодување на брзината на движење“, информираа од подружницата на Македонија Пат.
Сообраќајот на споменатиот патен правец поради дневните врнежи, како што додадоа, се одвива по влажни коловози. Поради можната појава на одрони долж овој дел од магистралата останува препораката за почитување на сообраќајната сигнализација и претпазливост на критичните места каде посебно е нагласена можноста од присутност на одрони на коловозот.