недела, 22 декември 2024

Одлуките на Уставниот суд не треба да се коментираат, дециден е премиерот

Одлуките на Уставниот суд не треба да се коментираат. Некогаш може да ни се допаѓаат, некогаш може да не ни се допаѓаат, но мислам дека не треба се коментираат, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан за одлуката на Уставниот суд за времено запирање на вработувањетата по етнички клуч.

Објавено на

часот

Сподели

Во однос на реакциите од албанскиот блок по одлуката на Уставниот суд, вклучително и партнерите во владината коалиција, Мицкоски вели дека тоа е во согласност со тоа што тие го зборувале во минатото.

„Таа реакција е во согласност со тоа што ние сме го збореле во минатото, практично унапредувањата и вработувањата треба да се темелат на квалитет и тоа е она кое што ние практично цело време го заговараме“, изјави Мицкоски, кој денеска присустуваше на почеток на поплочување на улицата Ванчо Прке во Штип.

Одлуката, посочи Мицкоски, не е конечна, туку практично тие тој дел од законот го ставаат во мирување, до носење на конечна одлука.

„Јас ќе останам на мојата позиција дека одлуките на Уставниот суд не треба да се коментираат“, изјави Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ