Како што истакна Бислимоски, причина за поскапувањето е зголемувањето на цената на природниот гас на светските берзи и намаленото производство на ТЕ-ТО кое наместо 60 отсто учествувало со 51 отсто во производството на топлинска енергија, а новата цена ќе важи од 1 февруари годинава.
Зголемувањето на сметките ќе биде 100 денари за просечно семејство за корисниците на топлиснка енергија кои се снабдуваат преку ќерките фирми на АД ЕСМ.
Се очекува наскоро и топланата Скопје Север да поднесе барање за зголемување на цената на парното во тој дел од градот.