Друг начин е да ве удри струја ако поминете крај местото каде што семафорот би требало да стои.
Трет начин е да не го забележите паднатиот семафор навреме, нагло да свртите и да удрите во бандера. Тоа пред еден час им се случи на две момчиња на обиколницата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, па едниот заврши со раскрвавен нос, а другиот седнат на асфалтот.
Којзнае колку ќе лежи семафорот таму, така што – возете (и одете) внимателно, а всушност и насекаде низ Скопје.
А.Д.