петок, 14 март 2025

Од понеделник подигнатите возила од пајак службата на Центар ќе се носат на нова локација

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Паркинзи на Општина Центар- Скопје соопшти дека од 17 март ќе биде отворено новото депо на пајак-службата на претпријатието, на новата локација до улица и мост Беласица под Железничката станица.

Објавено на

часот

Сподели

Новото депо ќе биде поддршка на процесот на управување со паркирање, одржување и чистење на јавните површини, како и за да обезбеди поголема ефикасност во секојдневното функционирање на паркинг услугите. Се очекува оваа нова локација да донесе значителни придобивки во контекст на зголемување на безбедноста и редот во урбаната средина. Ова е дел од пошироката стратегија на Општина Центар и ЈП ПОЦ за подобрување на инфраструктурата и услугите во градот.

„На новата локација нудиме подобри услови за лежарина на возилата и полесен и побрз пристап. Површината на депото изнесува 2250 метри квадратни и на истата се поставени нови куќарки за вработени и опслужување на корисниците. Изведена е водоводна и електрична мрежа за потребите на депото, потоа беше заградено со ограда, поставен е видео надзор на целата локација, обележана е сообраќајна сигнализација. Поставени се нови контролни рампи кои ќе бидат контролирани безжично. Со отворањето на новото депо, го подобруваме капацитетот и оперативната ефикасност на нашето претпријатие, што ќе овозможи побрзо реагирање и поголема флексибилност во нашето секојдневно работење“, вели Душко Коцевски, директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Веќе од 17 март (понеделник), сите возила кои ќе бидат подигнати од службата може да се преземат од новата локација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ