Пладнево избувна пожар на Маркова Сушица кај селата Соње и Добридол, каде гори зафатена ниска вегетација.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека од 12 часот се интервенира со пет пожарникари и 2 противпожарни возила.
„Моментално ситуацијата е под контрола“, велат од ЦУК.
Локализиран е и пожарот што избувна во близина на железничката и автобуската станица во Скопје, каде гореше запалена сува трева меѓу праговите на железничката пруга. Пожарот е на отворено, зад училиштето Димитар Влахов, соопшти ЦУК.
„Службите се на терен, Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ), полицијата и жителите од куќите во тој дел“, информира ЦУК.
Бригада за противпожарна заштита (БППЗ) денеска интервенираше и поради запалено ѓубре и сува трева на Качанички Пат кај Визбегово.