Новата малопродажна цена на еуросупер БС – 95 ќе изнесува 79,5, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 73 денари за литар. еуросупер БС – 98 и понатаму ќе се продава за 81,5, а еуродизел БС (Д-Е V) за 73 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,542 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 48,011 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,198 отсто, кај екстра лесното масло за 1,055 и кај мазутот за 1,452 отсто, додека кај дизелот има намалување за 0,043 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот, пак, по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,0815 отсто.