„Наместо дозволите за работа да се добиваат за шест месеци ако некој од Крушевац сака да работи во Скопје, или од Врање во Куманово, или од Струга во Елбасан, сега секоj граѓанин на националниот портал е-услуги ќе може да го добие идентификацискиот број за Отворен Балкан и со тоа ќе може да апликацира за одреди дозволи, социјално осигурување и за неколку дена да ги добие. Зошто е тоа важно, бидејки ќе им овозможи на компаниите побрзо да ангажираат работници. Со тоа што побрзо ќе добиваат работни дозволи, тие ќе можат веднаш да почнат да работат. Што побрзо почнат да работат, побрзо ќе произведуваат, а со тоа и ќе остваруваат побрз раст на БДП, а тоа е она што им треба на нашите луѓе. Потребен им е животен стандард на ниво на ЕУ, но во нашите земји“, рече Ковачевски, одговрајќи на новинарско прашање.
Со значењето на овој проект се согласни и Вучиќ и Рама, а тоа било и едно од прашањата за кое разговарале на трилатералната средба.