Првата вечер, на 13 септември (петок) настапуваат: еден од најпопуларните бендови од соседтвото, српските кралеви на концертните журки „Тропико бенд“, потоа најпознатото и најпопуларно македонск ар ен би дуо заедно со својата повеќечлена придружна група во живо – ДНК и македонската „Ѕвезда на Гранд“, Андријана Петрушовска.
Втората вечер, во сабота на 14 септември ќе настапат: познатата српска фолк ѕвезда Пеѓа Меденица, најпознатата македонска поп-реге-ска група „Суперхикс“ и двојната макфестовска победничка Бојана Скендеровски.
Последната вечер, в недела на 15 август годинешниов „Скопје пивски викенд ќе го затворат: Џенан Лончаревиќ, Миле Кузмановски и Наум Петрески.
Со ладно пиво и храната подобро лизга, а песната поубаво звучи!