„Се известуваат сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, дека рокот за аплицирање почнува од 1 октомври и трае до 30 октомври“, наведуваат од МОН.
Како што се појаснува, корисникот на стипендија на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, треба да прикачи потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање; уверение со положени испити; уверение за предвидени и положени испити (УППИ образец) со успех од претходните години и индекс од прв запишан семестар до последен заверен семестар, како доказ дека има положено 80 проценти односно 90 проценти (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот.
За повеќе информации или прашање студентите може да обратат на електронската адреса [email protected] .