На отворањето на изложбата, што ќе трае до 21 мај, пригодни говори и поздрави имаа Зорица Митровиќ, претседател на македонското друштво во Белград „Македониум“ и Синиша Новески, скулптор и уметнички директор на фестивалот „Деновите на македонската култура“.
„Очите се портата и преминот помеѓу духовното и реалното, метафизичкото и објективното, а со тоа сликите на авторката се визуелно и интимно искуство и претстава на нејзиниот поглед на светот, луѓето и природата“, се вели во текстот за изложбата подготвена од Синиша Новески.
Сликарката имаше голем број самостојни и групни изложби во Македонија и во странство, додека изложбата „Очите гледаат сѐ“ е нејзино прво авторско претставување во Белград.