петок, 18 октомври 2024

Обвинителството води истрага дали вработени во Катастар ја оштетиле АММА, фирмата за која реагираше австрискиот амбасадор

Објавено на

часот

Сподели

Наведеното правно лице во 2021 година до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гевгелија поднело кривична пријава за кривично дело – Измама и Злоупотреба на службена положба. Надлежниот јавен обвинител, по проверка на сите наводи утврдил дека нема елементи на наведените кривични дела, туку елементи на граѓанско-правен однос за кој оштетените воделе постапка која е завршена пред Меѓународниот центар за арбитража во Виена, Австрија. По изјавената жалба на решението, предметот се наоѓа на постапување во Вишото јавно обвинителство Скопје“, пишува во одговорот од Јавното обвинителство на прашањата упатени од МКД.мк.

Во меѓувреме, австриската фирма поднела пријава до ОЈО Гевгелија за кривично дело, оштетување или повластување на доверители. Пријавата била примена на 26 мај 2023 година, а од обвинителството наведуваат дека надлежниот јавен обвинител веќе постапува по пријавата, прибира докази, а по потреба ќе нареди и соодветни вештачења.

Но АММА не застанала тука. До ОЈО Скопје, на 23 јуни 2023 година поднела кривична пријава против засега непознати службени лица во Агенцијата за катастар за недвижности за несовесно работење во службата, фалсификување службена исправа и компјутерски фалсификат. 

„Пријавата веќе е распоредена кај јавен обвинител, се проучува и се преземаат дејствија со цел да се испитаат наводите, да се обезбедат докази и да се идентификуваат евентуални сторители. Иако во конкретниот случај во основа станува збор за граѓанско-правен однос меѓу правните субјекти, а нивните права се обезбедуваат во соодветни судски и други постапки, по поднесените кривични пријави се постапува исклучително ажурно“, информираа од Јавното обвинителство.

Австриската амбасада, вчера преку допис до медиумите го критикува македонското правосудство, барајќи да се разрешат судии и јавни обвинители, но и да им се укинат лиценците на извршителите и нотарите кои постапувале во спор што се води меѓу австриската компанија АММА ДОО Хоенемс и валандовската фирма Дена трејд за производство на корнишони.

                                                                                                                                                        И.О.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ