четврток, 13 март 2025

Обвинителството веќе работи на пријавата од Финансиска полиција за Прпарим Бајарми

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје ја прими и веќе постапува по пријавата од Финансиската полиција (ФП), а се однесува на поранешниот директорна Државна лотарија, Прпарим Бајрами на кој ФП денеска му поднесе кривична пријава, за, како што се сомневаат од полицијата незаконски закуп на деловни простории за потребите на Државна лотарија.

Објавено на

часот

Сподели

„Основното јавно обвинителство Скопје ја прими и веќе постапува по пријавата. Со оглед дека осомничениот се уште е недостапен на органите на прогонот и по него се трага со национална и меѓународна потерница, ќе се преземат други дејствија за испитување и прибирање докази“, информираа од Јавното обвинителство.

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе кривична пријава против Перпарим Бајрами во својство на директор на Државна лотарија поради постоење основано сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ