среда, 5 февруари 2025

Обвинителството отвори истрага против тетовецот што си го уби синот

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 65-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело убиство.

Објавено на

часот

Сподели

При семејно насилство и по кратка меѓусебна расправија, осомничениот со истрел од ловна пушка која ја поседувал со дозвола, со умисла го убил сопствениот 39-годишен син, со кого живееле во истиот стан.

Куршумот ја погодил жртвата во градниот кош и тој веднаш починал, а осомничениот седел во станот со безживотното тело на починатиот додека не ги пронашле.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот татко.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ